Фредерик Шопен

Фредерик Шопен

Фредерик Шопен (полскиFryderyk Franciszek ChopinфранцускиFrédéric François Chopin1 март 1810[1]Желазова Вола – 17 октомври 1849Париз) — полски[2] композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.
Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското Војводство. Мајка му била Полјачка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 година бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна возраст се разболил од туберкулоза.[3]
Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и се смета дека тие му припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничката виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата,[4] но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како сонатата за пијановалцеротноктурнотоетидатаимпромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика.

Живот

Шопен се родил во Желазова Вола близу Сохачев во регионот Мазовија, дел од Варшавското Војводство. Татко му бил Миколај (Никола) Шопен, Французин со далечно полско потекло од Лотарингија кој се преселил во Полска во 1787 година. Миколај се оженил за жена од висока класа, но осиромашено семејство, по име Текла Јустина Крзижановска.
Според неговото семејство, Шопен е роден на 1 март 1810 г. Нема пронајдено извод од матична книга на родените. На неговата крштелница пак, стои дека е роден на 22 февруари 1810 г., но ова најверојатно е грешка на свештеникот.

Детство и младост

Родната куќа на Шопен во Желазова Вола
Во октомври 1810 година, кога Фредерик имал осум месеци, семејството се преселило во Варшава, каде татко му станал учител по француски јазик во училиште во Саксонскиот дворец. Живееле понастрана во рамките на дворецот.
Малиот Шопен за прв пат почнал да учи пијано кај неговата постара сестра Лудвика, а подоцна таа задача ја презела мајка му. Неговиот талент бил очигледен уште од многу мали нозе, па во Варшава почнале да го сметаат за „вториот Моцарт“. На седумгодишна возраст искомпонирал полонези (ге-мол и ха-дур), од кои првата била издадена во гравурната печатница на отецот Цибулски, директор на Училиштето за органисти и еден од малкуте музички издавачи во Полска.
Чудото кое било Шопен почнало да излегува по варшавските весници, па „малиот Шопен“ станал атракција на приемите по аристократските салони. Почнал да приредува и јавни добротворни концерти. Се вели дека еднаш бил запрашан што мисли дека на публиката најмногу ѝ се допаднало; на тоа седумгодишниот Шопен одговорил: „Мојата јака“. За прв пат јавно излегол како пијанист на 8-годишна возраст.
Првите професионални часови по пијано ги добил во периодот 1816–1822 од Војтжех Живни. Подоцна Шопен за Живни зборувал со почит и високо мислење, иако самиот тој како дете набргу го надминал учителот. Подоцнежниот развој на Шопеновиот талент бил под надзор на Вилхелм Вирфел. Часовите кај овој прочуен пијанист и професор на Варшавскиот конзерваториум биле непостојани, но од големо значење за Шопеновите способности на орган, а можеби и пијано. Од 1823 до 1826 година Шопен учел на Варшавскиот лицеј, училиштетокаде предавал татко му.
Есента 1826 година, Шопен почнал да студира теорија на музикатагенералбас и компонирање во класата на композиторот Јозеф Елснерво Варшавскиот конзерваториум. Контактот со него може да датира уште од 1822 година, и сигурно е дека од 1823 година, Шопен почнал да добива формални часови од него. Го завршил тригодишното образование на конзерваториумот во 1829 година.
Истата година во Варшава, Шопен присуствувал на изведба на Николо Паганини, а го запознал и германскиот композитор Јохан Непомук Хумел. Исто така во 1829 година Шопен ја запознал својата прва љубов, студентката по солфеж Констанција Гладковска. Ова го инспирирало композиторот да стави пеење во своите дела.
Во август 1829 година, три недели по заминувањето од Варшавскиот конзерваториум, Шопен направил брилијантно деби во Виена. За неговите две изведби на пијано добил многу пофални критики, заедно со другите кои го критикувале заради малиот тон со кој свирел на пијаното.
Во декември 1829 година во Варшава премиерно го извел неговиот Концерт за пијано во еф-мол во Трговскиот клуб. На 17 март 1830 г. го извел и вториот пијано концерт во е-мол во Националниот театар.
На 2 ноември 1830 година, Шопен ја напуштил Варшава за да дава концерти во странство, по што никогаш не се вратил во Полска. На крајот на месецот избило Ноемвриското востание, па неговиот сопатник Титус Војчеховски се вратил во татковината за да учествува. Шопен останал во Виена, измачуван од грижи за неговите љубени, па потоа ги посетил Минхен и Штутгарт (каде дознал дека Полска е окупирана од руската војска, и дошол во Париз во септември 1831 г. Тој веќе имал искомпонирано повеќе важни дела, меѓу кои двата концерта за пијано и извесни Етиди Оп. 10.

Париз

Споменикот на Шопен во Желазова Вола, дело на вајарот Јозеф Гославски
Во Париз, Шопен бил топло пречекан од истакнатите полски азиланти како и од водечките уметници како Хајнрих ХајнеАлфред де Вињи и Ежен Делакроа. Бил запознаен со некои од најважните пијанисти во тоа време како Фридрих КалкбренерФердинанд Хилер и Франц Лист, и станал близок пријател со композиторите Хектор БерлиозФеликс МенделсонШарл-Валантен Алкан и Винченцо Белини (крај кого е погребан на гробиштата Пер Лашез). Многу од Шопеновите современици веќе со восхит гледале на неговата музика. Меѓу овие бил и Роберт Шуман кој, во неговата критика на Варијации на „Ла чи дарем ла мано“ (од Моцартовата опера Сон Џовани), Оп. 2, се изјаснил: „Капи долу господа! Генијалец.“
За време на неговите години во Париз, Шопен учествувал во многу концерти. Програмите ни даваат извесна слика за богатството на парискиот уметнички живот во ова време. Ваков пример е концертот на 23 март 1833 г., во кој Шопен, Лист и Хилер свиреле соло изведби на Баховиот концерт за три чембала, како и концертот на 3 март 1838 г., каде Шопен, Алкан, Алкановиот учител Пјер Жозеф Цимерман и Шопеновиот ученик Адолф Гутман го свиреле Алкановиот аранжман за осум раце на Бетовеновата 7ма симфонија. Зел учество и во компонирањето на Хексамерон (1837), бидејќи шестата (и последна) варијација на Белиниева тема е негова.
Еден истакнат англиски аматер го има опишано неговото среќавање со Шопен во еден салон:
Замислете си нежен човек од огромна префинетост на израз и манир, како седи на пијано и свири без нишање на телото и скоро без движење на рацете, зависејќи сосема од неговата тесна женствена рака и витки прсти. Широките арпеџи во левата рака, одржувани во постојан тонски тек од строгото легато и префинетата и постојана употреба на гласниот педал, обликуваа хармонична потструктура за извонредно поетичното кантабиле. Неговото деликатно пијанисимо, сепроменливите модификации на тонот и темпото (темпо рубато) имаа неопишлив ефект. Дури и во енергичните делови тој навистина ретко преминуваше мецофорте.
Од Париз Шопен извршил разни посети и турнеи. Во 1834, со Хилер го посетил Рајнскиот музички фестивал во Ахен организиран од Фердинанд Рис. Тука Шопен и Хилер се сретнале со Менделсон, и тројцата продолжиле во посета на ДиселдорфКобленц и Келн, уживајќи во дружбата, учејќи и свирејќи заедно.
Во 1835 година Шопен се договорил да се сретне со семејството во Карлсбад. Додека бил таму се запознал со грофот Франц фон Тун-Хохенштајн, чии ќерки ги подучувал во Париз. Грофот ги поканил Шопен и неговите родители во неговиот семеен замок на Елба во Дечин. Потоа Шопен ги испратил родителите во Варшава; потоа никогаш повеќе не ги видел. Се вратил во Париз преку Дрезден, каде престојувал неколку недели, а потоа отишол во Лајпциг каде се сретнал со Менделсон, Шуман и Клара Вик. Меѓутоа по патот за назад имал тежок бронхитичен напад, толку сериозен, што некои полски весници пишувале дека умрел.
Во 1836 година Шопен се свршил за седумнаесетгодишната Полјачка Марија Воѕињска, чија мајка инсистирала на тоа ова да остане во тајност. Следната година свршувачката била отповикана од нејзиното семејство.

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јохан Штраус