Постови

Јоханес Брамс

Слика
Јоханес Брамс Јоханес Брамс  ( германски :  Johannes Brahms ) ( 7 мај   1833  -  3 април   1897 ) - германски композитор и пијанист. Јоханес Брамс Биографија Брамс во 1853 година. Јоханес Брамс е роден во  Хамбург , на  7 мај   1833  година, во  лутеранско  семејство. Татко му, Јохан Јаков Брамс, свирел на  контрабас  во хамбрушкиот градски  оркестар . Семејството на Брамс било бедно, така што младиот Брамс свирел по гостилниците. Преку концертните турнеи тој посетил многу германски  градови , како и многу градови надвор од  Германија . Потоа, тој станал ученик на  Роберт Шуман  и верен пријател на неговото семејство. Шуман бил првиот кој укажал на надареноста на младиот Брамс и неговото свирење на  пијано  го оценил како „навистина генијално“. Немајќи работа во Хамбург, Брамс се преселил во  Виена , каде починал на  3 април   1897 ...

Фредерик Шопен

Слика
Фредерик Шопен Фредерик Шопен  ( полски :  Fryderyk Franciszek Chopin ,  француски :  Frédéric François Chopin ;  1 март   1810 [1] ,  Желазова Вола  –  17 октомври   1849 ,  Париз ) —  полски [2]   композитор  за  пијано  од добата на  романтизмот . Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња. Роден е во селото  Желазова Вола  во  Варшавското Војводство . Мајка му била  Полјачка , а татко му  француски   иселеник . Во татковината го сметале за  чудо од дете , но тој ја напуштил  Полска  на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во  Париз  создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „ Фредерик-Франсоа “. Од 1837 до 1847 година бил во бурна врска со француската писателка  Жорж Санд . Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-год...

Јохан Штраус

Слика
Јохан Штраус (син) Јохан Штраус Помладиот  ( германски :  Johann Strauß   25 октомври   1825 ,  Виена  -  3 јуни   1899 ,  Виена ) — австриски  композитор ,  виолинист  и  диригент . Тој е создавач на класичната виенска  оперета  во која доминира  валцерот . Најважни негови дела се оперетите: „Лилјакот“, „Циганскиот барон“ и валцерите „На убавиот син Дунав“. Тој бил наречен „Крал на валцерите“ бидејќи има искомпонирано 400 валцери. Неговиот пра- прадедо бил унгарски Евреин - факт кој од нацистите,кои ја оценувале неговата музика како оригинално германска, подоцна се обидел да го скрие. Неговиот татко не сакал тој да стане музичар, туку банкар. Сепак, Јохан учел тајно да свири виолина како дете со првиот виолинист на оркестарот на неговиот татко, Франц Амон. Кога татко му го открил неговиот син дека тајно вежба виолина, еден ден тој го камшикувал,велејќи дека тоа треба да ја победи желбата за музика на...

Јохан Штраус

Слика
Јохан Штраус (татко) Јохан Штраус  ( 14   март   1804  -  25 септември   1849 ) е  австриски композитор . Учел  виолина  во  Виена , а потоа свирел во разни оркестри, каде што бил и  диригент . Како  диригент  и  композитор , најмногу успех имал со своите валцери кои публиката од сè срце ги прифаќала. Напишал околу 150 валцери и многу други дела. Валцери [ уреди  |  уреди извор ] -{Täuberln-Walzer op.}- 1 (1827) -{Wiener Carneval op.}- 3 (1828) -{Kettenbrücke-Walzer op.}- 4 (1828) -{Tivoli-Rutsch Walzer op.}- 39 (1830) -{Das Leben ein Tanz oder Der Tanz ein Leben! Walzer op.}- 49 -{Elisabethen-Walzer op.}- 71 -{Philomelen-Walzer op.}- 82 -{Paris-Walzer op.}- 101 (1838) -{Wiener Gemüths-Walzer op.}- 116 (1840) -{Lorelei Rhein Klänge op.}- 154 (1843) Полки [ уреди  |  уреди извор ] -{Seufzer-Galopp op.}- 9 -{Chineser-Galopp op.}- 20 -{Einzugs-galopp op.}- 35 -{Sperl-Galopp ...
Слика
Едвард Григ Едвард Хагеруп Григ  ( нор.   Edvard Hagerup Grieg ;  15 јуни   1843  -  4 септември   1907 ) — истакнат  норвешки   композитор  и  пијанист  од времето на  романтизмот . Живот Григ е роден во  Берген , Норвешка на 15 јуни 1843 г. Татко му бил трговец и вицеконзул, а мајка му бил наставник по музика и ќерка на Едвард Хагеруп. [1] [2]  Изворното презиме на семејството е  Greig , кое го добил од прадедо му, кој се преселил од  Шкотска  некаде околу 1770 г. Малиот Григ израснал во музичка средина. Првата обука за пијано ја добил од мајка си, на шестгодишна возраст. Потоа посетувал во неколку училишта, вклучувајќи го она на Танк. [3] Во летото 1858 г, Григ го запознал истакнатиот виолинист Оле Бул, [4]  кој бил семеен пријател и роднина. [5]  Бул ја увидел дарбата на момчето и ги убедил неговите родители да го испратат во Лајпцишкиот конзеваториум, [4]  со ко...